ISO 45001:2018
КОРИСТ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА
Со имплементација и сертификација на овој стандард претпријатието стекнува доверба кај заинтересираните страни, докажувајќи дека раководството покажува намера во исполнување на барањата од политиката за заштита на здравје и безбедност при работа, дека акцентот е на превентивата, а не на корективните мерки, дека е можно да се пружат докази дека ISO 45001:2018 се однесува на целата организација, а не само на процесите за кои постојат законски прописи или зони на висок ризик и дека концепцијата ISO 45001:2018 вклучува процес на континуирано подобрување.
Предности од имплементација и сертификација на ISO 45001:2018
-
намалување на ризикот по здравјето и безбедноста на вработените;
-
намалување на бројот на незгоди и повреди при работа;
-
пружа заштита од можни повреди, како на вработените така и на посетителите;
-
допринесува на спремноста на компанијата правовремено да отстрани опасност;
-
усогласување со законската регулатива во областа на здравјето и заштита на правата на вработените;
-
зголемување на ефективноста при работа преку зголемување на мотивацијата кај вработените:
демонстрирање на свест за значењето на здравјето на луѓето како ресурси
обезбедување на адекватна заштитна опрема
организација на работните места од позиција на безбедност
обавезно осигурување на вработените
организирање на контролни прегледи
набавка на адекватна опрема и алат
-
намалување на трошоците на организацијата преку:
намалување на застој заради одсуство на вработени
намалување на број и обем на барања за одштета
купување на безбедна опрема и намалување на трошоците при нејзина замена заради чести незгоди
адекватна селекција на луѓе при вработување во согласност со барањата на работното место
пониски премии на осигурување;
-
зголемување на одговорноста кај вработените;
-
можност за пристап до захтевните странски пазари;
-
зголемена можност за долгорочно-интересно поврзување;