ISO 20000-1
ЗА СТАНДАРДОТ
ISO 20000-1 е систем за управување со услуги од областа на информатичката технологија.
Ги пропишува барањата за давателот на услуги да планира, воспостави, имплементира, работи, следи, прегледува, одржува и подобрува системот за управување со услуги.
Барањата кои ги пропишува вклучуваат проектирање, транзиција, испорака и подобрување на услугите кои би ги исполниле договорените услужни барања .
ISO 20000-1 можат да го користат:
-
Организации кои бараат уверување дека услугите кои ги бараат од сервис провајдерот ќе бидат исполнети;
-
организации кои бараат конзистентен пристап од страна на сите свои даватели на услуги, вклучувајќи ги и оние во синџирот на снабдување;
-
давател на услуги кој има намера да ја демонстрира својата способност за проектирање, транзиција, испорака и подобрување на услугите;
-
давател на услуги за следење, мерење и ревизија на процесите и услугите;
КОРИСТ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА
-
намалување на грешките и подобрено управување со грешките;
-
подобрување на корпоративниот имиџ и кредибилитет;
-
усвојување на интегриран процес за испорака на IT услуги;
-
намалување на време на одзив и прекини на IT сервисот;
-
подобрено управување со трошоците, што доведува до финансиски заштеди;
-
култура на континуирано подобрување;
-
поголемо разбирање на улогите и деловните цели;
-
усогласеност со законските прописи;
-
заштита на компанијата, имотот, акционерите и директорите;
-
зголемено задоволство кај клиентите;
-
ви овозможува предност пред конкуренцијата;
-
доследност во испораката на вашата услуга или производ;