ISO 22000
ЗА СТАНДАРДОТ
Системот за управување со безбеност со храна претставува решение за обединување на сите стандарди за осигурување на безбедноста на храната кои во овој момент се признати.ISO 22000 ги вклучува сите барања на HACCP (Hazard-Опсаност, Analysis-Анализа, Critical-Критичност, Control-Контрола, Point-Точка) системот по Codex Alimentarius, а покрај тоа и правилата за добра работна и хигиенска пракса, следење и означување на храната.Стандардот се користи во сите карики во ланецот на храна, а пропишува барања со кои сите очекувани ризици во ланецот на прехрана, вклучувајќи ги и сите опасности кои можат да бидат поврзани со видот на процесите и објектите кои се користат бидат индентификувани и проценети.
Меѓународниот стандард ISO 22000 ги одредува барањата за систем за управување на безбедност со храна кои подразбираат:
-
интерактивна комуникација
-
систем за управување
-
потребни програми
-
HACCP принципи
КОРИСТ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА
Најефикасните сигурносни системи за храна се воспоставени, работат и се ажурираат во рамките на структуриран систем за управување и инкорпорирани се во вкупните активности на управување со организацијата.Ова ја обезбедува максималната корист за организацијата и на заинтересираните страни:
-
контрола на производство на здравствено безбедносна храна;
-
обезбедено најдобро уверување за здравствената безбедност на храната;
-
подобрување на интерните процеси;
-
зголемена доверба кај потрошувачите;
-
контрола на процесите;
-
компететивна предност во однос на конкуренцијата;
-
делегирање на одговорности до непосредните извршители;
-
зголемување на потенцијалите кај вработените преку редовни обуки и учење;
-
поголема одговорност и свест кај вработените за квалитетот;
-
развивање на свеста кај вработените за хигиената;
-
поголемо задоволство кај клиентите и поголема доверба во организацијата;
-
верификација на вашата добра работна и хигиенска пракса;
-
следливост на производот;
-
јасно утврдување на одговорности за здравствено небезбеден производ во ланецот производител-малопродажба-купец;
-
заштита и подобрување на производот;
-
усогласеност со законските и пазарни барања.