top of page

ISO 50001

ЗА СТАНДАРДОТ

Ефикасното користење на енергијата им помага на организациите да заштедат пари, како што им помага  во зачувувањето на ресурсите и решавањето на климатските промени.Системот за управување со енергија им овозможува на организациите од сите сектори да ја користат енергијата поефикасно, преку развојот на енергетскиот систем за управување.

ISO 50001 ги дефинира барањата кои што се применуваат на потрошувачката и користењето на енергија, вклучувајќи мерење, документирање и известување, проектирање и постапки за одржување на опремата, системите, процесите и персоналот, кои допринесуваат за енергетска ефикасност.Дизајниран е да се користи самостално и може да се примени во било која организација која сака да потврди дека работи во согласност со својата изјава за енергетска политика и сака тоа да биде јавно достапно

ISO 50001 дава рамки за организациите да:

  • развиваат политика за ефикасна употреба на енергија;

  • ги утврдат целите кои ја исполнуваат политиката на организацијата;

  • користат податоци и подобро да ги разбираат и донесуваат одлуките за употреба на енергија;

  • ги измери резултатите;

  • разгледува колку добро функционира политиката;

  • стално го подобрува управувањето со енергија

КОРИСТ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА

Предности на имплементација и сертификација на ISO 50001:

  • подобрување на енергетската ефикасност;

  • намалени трошоци за енергија;

  • намалување на емисија на гасови со ефект на стаклена градина;

  • подобрување на корпоративниот имиџ и углед меѓу заинтересираните страни;

  • почитување на законската регулатива;

  • одговорност према животната средина преку намалување на потрошувачката на ресурси;

  • достапност на податоци за организацијата кои ќе бидат разбирливи за сите заинтересирани страни за покажување на посветеност за подобрување на енергетските перформанси;

Windmills on green field
bottom of page