top of page

ISO 9001

КОРИСТ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА

Организациите кои го имплементирале системот за менаџмент со квалитет согласно барањата ISO 9001 утврдиле дека ефикасен систем за менаџмент со квалитет сигурно води до намалување на трошоците и поголеми оперативни маргини.

Двете главни причини за имплементација на системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001 се:

  • Зголемена ефикасност: пониски производни трошоци, заради намален број на неусогласени (неквалитетни) производи, помала доработка, помала стапка на исфрлање и намален број на грешки заради унапредени работни процеси.

  • Пристап на нови пазари и зголемување на уделот во постоечкиот.

Останатата корист се однесува на:

  • усогласеност со законската регулатива

  • постигнување на лојалност кај корисниците;

  • зголемување на задоволството кај корисниците

  • уверување дека бараното ниво на квалитет е постигнато и се одржува;

  • зголемување на конкурентноста;

  • зголемување на работната способност и продуктивност;

  • зголемен профит како резултат на зголемена продуктивност;

  • рационално искористено време и ресурси;

  • оптимизација на постоечките процеси;

  • поголема конзистентност и следливост на производите и услугите;

  • значајно намалување на губитоците;

  • стекнување и/или зацврснување на работната доверба кај постоечките и потенцијални корисници;

  • усмереност на остварувањето на работните цели и очекувањата на клиентот;

  • зголемување на свеста кај вработените за квалитетот;

  • подобрување на интерните односи;

  • зголемување на потенцијалите кај вработените преку постојани обуки;

  • усогласеност со барањата на меѓународниот пазар;

  • меѓународна верификација на добра работна пракса;

Контрол Церт дооел Скопје
CONTROL CERT.png

Skopje,Macedonia | contact@control.mk | +389 2 274 1008 

                              ControlCert 2017

адреса: Даме Груев бр.3-4/11 Центар, Скопје

телефон: 02 274 1008

email: contact@control.mk

  • Facebook Social Icon
Screenshot (2).png
SPCexp.jpg
Znak-CT-015 (003).tif
bottom of page