ISO/IEC 27001
ЗА СТАНДАРДОТ
Системот за менаџменот со безбедност на информации е дел од целокупниот систем на организацијата проектиран по барањата на стандардот ISO/IEC 27001 кој има за цел да воспостави , имплементира, делува, надгледува, прегледува, одржува и ја унапредува безбедноста на информациите зимајќи ги во предвид сите можни безбедносни ризици по работењето на организацијата.
ISO/IEC 27001 ги покрива следните подрачја:
-
анализа и управување со ризик;
-
политика на безбедност;
-
безбедност на организацијата;
-
класификација и управување со имот;
-
политика на безбедност во управување со човечките ресурси;
-
физичка и информатичка безбедност на имот и окружување на организацијата;
-
управување со комуникацијата и оперативата;
-
контрола на пристап;
-
развој и одржување на ISMS;
-
управување со инциденти;
-
усогласеност со законските барања;
Овој стандард настана како резултат за потреба од дефинирање на меѓународно прифатените норми, кои преку своите барања ќе дефинираат рамка за формирање на целокупен систем на заштита и цели од неговото делување како би се делувало ефективно и ефикасно во начинот на управување со информации.Овој стандард преку своите барања дефинира четири главни подрачја за систем на заштита на информации:
-
систем менаџмент на безбедност со информации
-
одговорност на раководството
-
оценка на раководството
-
унапредување на системот на менаџмент на безбедност со информации.
КОРИСТ ОД СЕРТИФИКАЦИЈА
Предности од имплементација и сертификација на ISO/IEC 27001
-
just in time - ефект вистинска информација, на вистинско место во вистинско време;
-
заштита и зачувување на компаниското know how;
-
зголемување на ефективноста и ефикасноста на информацискиот систем;
-
зголемување на работниот кредибилитет и доверба од страна на клиентите и партнерите;
-
продор на захтевните меѓународни пазари;
-
можност за долгорочно интересно вмрежување со други компании;
-
заштеда на време преку рационализација на количината и содржината на информациите;
-
оптимизација на ресурсите потребни за дистрибуција и чување на податоците;
-
рана идентификација на ранливост, закани и потенцијални негативни влијаниа врз работата;
-
намалување на ризикот од вработување на луѓе кои што можат да и наштетат на организацијата;
-
постигнување на синергетски ефект на тимска работа;
-
усогласеност со законската регулатива;
-
побрз проток на информации помеѓу вработените;
-
стварање на предуслови за делегирање на одговорности;
-
намалување на недоразбирањата помеѓу вработените преку ,, вкрстени информации"
-
меѓународна верификација на добра работна пракса.